Гаранција на производи
Гарантниот рок за секој производ е наведена на нашиот сајт.
Доколку треба да го сервисирате уредот, Ве молиме проверете ја документацијата за овластен сервис што сте ја добиле со уредот и постапете во согласност со упатствата на овластениот сервис. Листата на овластени сервисери по брендови е следна:
Ако пријавата за рекламација за неисправен производ е во рок од 15 дена откако сте го примиле производот, ве молиме:
- да не побарате телефонски на бројот 071 383 606 или
- да ни пишете преку електронска пошта на адреса [email protected]
Задолжително да ни испратите:
- ваши податоци (име, презиме и телефон)
- слики од уредот и пакувањето
- наведете ги причините поради кои сакате да направите рекламација
- наведете го времето кога е извршена испораката
- како и бројот на фактура која пристигнала со производот
Во најкраток рок ќе испратиме служба да го преземе производот од вашата адреса. Производот при превземање треба навремено да биде спакуван и заштитен за да може безбедно да се транспортира и однесе во овластен сервис. Овластениот сервис ќе изврши преглед и ќе даде одговор за рекламацијата за што веднаш ќе Ве известиме.
Ако рекламацијата на производот е после 15 дена од превземањето на истиот, треба директно да го контактирате овластениот сервис и да ги следите нивните инструкции. На гарантниот лист кој сте го добиле заедно со производот, се наоѓа список на овластени сервисери за тој бренд и нивни контакт телефони и адреси. Листата на овластени сервисери по брендови е следна:
Доколку овластениот сервис утврди дека не може да се поправи уредот, а уредот е во гарантен рок, тогаш сервисот испорачува заменски уред или сличен модел по технички спецификации на вашиот. Ако не ви одговара понудениот заменски уред, ќе ви бидат вратени средствата кои сте ги платиле за уредот.
Футурама 4П ДООЕЛ Скопје (XNula.mk) во случај на рекламации секогаш ќе постапува согласно Законот за заштита на потрошувачите.
Ако имате прашања во врска со можна рекламација, ве молиме да не контактирате на телефон 071 383 606 или да ни пишете преку електронска пошта на адреса [email protected]
Работното време е:
Понеделник до Петок – од 09.00 до 17.00 часот
Сабота – од 10.00 до 14.00 часот
Детални информации за Законот за заштита на потрошувачите можете да најдете на следниот линк ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ