Испорака на производи

Последно ажурирана на: 20.09.2024

 

Испораката на производи можеме да ја направиме само на територијата на Република Северна Македонија. Производите ќе ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. 

Производите се доставуваат до купувачите преку курирската служба Еко Логистик Сервис ДООЕЛ Скопје со која Футурама 4П ДООЕЛ Скопје има склучено договор за деловна соработка.

Договорот за деловна соработка ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи.

 

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвиденото време за испорака е 1 до 5 работни дена од моментот на потврда на плаќањето преку финална наплата од страна на банката. Во согласност со нашите можности, производот ќе ви биде доставен во најкус можен рок.

xnula.mk го задржува правото да го продолжи рокот за испорака во претходен договор со купувачот. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши. 

Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде обработена наредниот работен ден. Доколу нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или државен празник, истата ќе биде обработена во првиот нареден работен ден. Во рокот на испораката се пресметуваат работните денови, не се пресметуваат викендите и неработните денови.

 

Купувачот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да види дали има накакви видливи оштетувања или недостатоци. Доколку се работи за нарачка со повеќе производи да провери дали некој производ недостасува. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци, или некој производ недостасува, купувачот треба да пријави:

- веднаш на лицето која ја доставува пратката и

- во рок од 24 часа на телефон 071 383 606 и/или на емаил [email protected]. Забелешките и рекламациите по временскиот рок од 24 часа нема да бидат прифатени

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за одстранување на грешката. Во ваков случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

 

При преземање на пратката, купувачот е должен да ја потпише адресницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за преземањето.

 

Доколку ви се потребни информации за статусот на нарачката и терминот на нејзиното доставување, можете да ја контактирате курирската служба Еко Логистик Сервис

Доколку не сте ја добиле пратката во договореното време, ве молиме да не известите колку е можно побргу на емаил [email protected]

 

xnula.mk ви нуди бесплатна испорака за нарачките во вкупна вредност поголема од 3000 денари.

Доставата за нарачка во вкупна вредност под 3000 денари чини 150 денари и ќе ви биде пресметана во вкупната сума со цената на производот доколку исплатата се врши користејќи онлајн платежен метод, а доколку се користи Плаќање при достава, истата ќе ви  биде наплатена во моментот на подигање на нарачката.

 

За сите дополнителни информации испратете ни email на support@xnula.mk или побарајте не на +389 71 383 606