Последно ажурирано на: 20.09.2024 година
Футурама 4П ДООЕЛ Скопје Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата страница www.xnula.mk во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.xnula.mk. Се поистоветува дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашата веб страница, како и дека прифаќаат дека користење на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Друштво за производство, трговија и услуги ФУТУРАМА 4П ДООЕЛ СКОПЈЕ
ЕМБС: 7504888
ЕДБ: 4080021597749
Адреса: ул. Славејко Арсов 90, 1000 Скопје
Тел: 071383606
email: [email protected]
WEB: www.xnula.mk
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.
www.xnula.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и тн.). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Футурама 4П ДООЕЛ Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, C. Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од C. Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од C. Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на С. Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.
Футурама 4П ДООЕЛ Скопје може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
Личните податоци кои ги проследувате до нас на www.xnula.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашата Политика на приватност.
www.xnula.mk не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате до нас (вкучувајќи и преку нашите социјални мрежи) нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. www.xnula.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели.
Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата Политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите нашата е-продавница.
www.xnula.mk ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
За да Ви биде овозможено купување на нашата електронска продавница, не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на финализирање на нарачка е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци како Име и Презиме, Адреса на живеење за да може да ви се достави нарачката, e-mail (e-адреса) и Телефонски број.
Податоците кои ги оставате се неопходни за реализирање на нарачката.
Пред да се финализира процесот на креирање на нарачка, потрошувачот/корисникот изјавува дека е запознат и се согласува со Општите услови за купување и преддоговорните информации и Политиката за приватност.
По завршувањето на процесот на нарачка, потрошувачот на e-mail (e-адреса) добива Спецификација на нарачката. Оваа е-порака е потврда дека нарачката ќе се обработува и понатаму ќе се процесира.
За начинот и временскиот период, на кој вашата нарачка ќе биде испорачана до вас, прочитајте повеќе во нашата Политика за достава.
Со притискање на копчето “Додај во кошничка” на производи кои се на залиха, ќе бидете известени дека производот е додаден и се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ а може да додадете и повеќе, различни производи.
Доколку „Додај во кошничка“ не ви е достапно, тогаш станува збор за производ кој не е на залиха или за производ од кој треба да изберете Опција (варијабилен производ). Откако ќе го направите вашиот избор, копчето „Додај во кошничка“ ќе стане активно.
За да имате целосен преглед што се се наоѓа во Вашата кошничка, кликнете на иконата Кошничка, во горниот десен агол. Од таму може да отстраните или додадете производи и да регулирате количина на производите кои сакате да влезат во процесирање на вашата нарачка.
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 071 383 606 или да ни испратите e-mail (e-адреса) со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата [email protected]
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се Име и Презиме на нарачателот, Адреса на живеење, e-mail (e-адреса) адреса и Број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Футурама 4П ДООЕЛ СКопје се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Производите кои ги нарачува преку преку нашата електронска продавница, потрошувачот може да ги плати на следниов начин:
При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедност на податоците при онлајн купување, ја гарантираат уплатата процесорот на НЛБ Банка и процесорот на Иуте за плаќање на рати, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Во ниту еден момент податоци за вашата кредитна картичка не ни се достапни на нашиот систем.
Производите се доставуваат до купувачите преку курирската служба Еко Логистик Сервис со која Футурама 4П ДООЕЛ Скопје има слкучено договор за деловна соработка.
Договорот за деловна соработка ги дефинира правата и обврските на секоја од страните, кои се рефлектираат во времето и начинот на достава, обврските на курирските служби да известуваат за преземените пратки/производи, како и начинот на пренос/уплата на средствата добиени од потрошувачите врз основа на доставени пратки/производи.
При достава на пратката до адресата на потрошувачот, потрошувачот е должен да ги покрие трошоците за вредноста на пратката а во одредени ситуации и самиот трошок за достава.
За подетални информации околу достава на производи и плаќање на истите, опсетете ја нашата Политика за достава.
Сите податоци на купувачите (корисниците) се чуваат на безбеден веб сервер на https://aws.amazon.com/ и се бришат исклучиво по барање на самите купувачи за бришење на нивните кориснички профили. Откако ќе се избришат, податоците се анонимизираат.
Земете во предвив откако податоците еднаш ќе се анонимизираат истите не може да се вратат назад.
Повеќе за безбедноста која https://aws.amazon.com/ ја нуди може да прочитате тука:
https://aws.amazon.com/privacy/
Доколку сте регистрирани на нашата електронска продавница за добивање на информации поврзани со производи и услуги од Футурама 4П ДООЕЛ Скопје, врз основа на писмено барање имате право:
– Да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,
– Да пристапите до Вашите лични податоци и
– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка.
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.
Доколку ви се потребни повеќе информации поврзани со заштита на лични податоци, ве молиме прочитајте ја нашата Политика за приватност.
Потрошувачот има право да ја откаже нарачката се додека нарачката не е процесирана, односно не е доставена во карго компанијата. Откажувањето на нарачката може да се направи телефонски на 071 383 606 или на мејл адресата [email protected] Во случај на откажување на нарачката, потрошувачот добива известување дека неговата нарачка е откажана, а претходно резервираните средства ќе бидат ослободени.
www.xnula.mk го задржува правото да ги измени овие Услови и во согласност со променетите деловни услови и во случај на промени на законодавната рамка.
Доколку некој услов или одредба од Условите за користење станат неважечки, важењето на другите услови и одредби нема да биде доведено во прашање.
www.xnula.mk е должен да го информира потрошувачот на пригоден начин кој е непосредно и постојано достапен за промените на Услови за користење. Во овој поглед, потрошувачите можат повремено да ја посетуваат оваа интерет страница и да проверат дали Условите за користење можеби се променети од нивната последна посета.
Име и презиме: Тони Попов
Телефонски број: +389 71 383 606
e-mail: [email protected]