Последно ажурирана на: 20.09.2024
Почитувани,
Ви благодариме за вашето купување. Се надеваме дека сте задоволни со вашата нарачка. Меѓутоа, ако не сте целосно задоволни со нарачката на производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или од други причини имате право да замените или вратите производот.
Правото за замена или враќање на производот можете да го остварите во рок од 15 дена сметано од денот на достава односно подигање на производот.
За остварување на правото на замена или враќање на производот треба да бидат исполнети следните услови:
- Производот да не не бил отворен/отпакуван и да е во иста состојба како што е купен. Производот и пакувањето треба да бидат со сочуван изглед, употребните својства, да ги има фабричките пломби и етикети, однсоно да нема никакви оштетувања на производот и пакувањето
- Производот да не е употребуван
- При поднесување на барање за замена односно враќање на производот задолжително се приложува фактурата или фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издадена заедно со производот
Во случај да нема заменски производ и потрошувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма/сума како кога е платен производот.
Следниве производи не можат да се вратат или заменат во ниту една ситуација:
- Сите производи кои доаѓаат без пакување/пломба.
- По истекот на рокот од петтнаесет (15) дена од денот на подигање т.е. достава на производот, Потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барања за замена, односно враќање на производ, сметано од шестнаесетиот (16-тиот) ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат одбиени.
Откако пратката ќе ви биде доставена, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 071 383 606 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот.
Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате со претходна најава, преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, и ако се исполнети условите за замена, ви испраќаме соодветен заменски производ.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата [email protected]
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, xnula.mk има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку НЛБ Банка АД Скопје, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Сите трошоци поврзани за поврат на производ одат на терет на купувачот односно се задржува износот за поштарината за првото враќање, износот за повторното враќање како и износот кои деловната Банка го наплаќа на xnula.mk согласно важечкиот ценовник. Доколку вредноста на вратениот производ е поголема од овие трошоци, разликата оди на терет на купувачот.